SUZUKI Македонија нуди практично и флексибилно решение за сите правни лица кои имат потреба да изнајмат повеќе возила за нивните деловни потреби на долг рок.
Оперативниот лизинг е комплексна финансиска услуга која Ви овозможува да изберете и изнајмите автомобил (и) според вашата специфична потреба и саканите предизпозиции за нивото на опрема, боја, итн., при што месечната закупнина се признава како 100% оперативен трошок. Секој месец, преку една фактура, добивате месечна рата со сите трошоци за користениот возен парк на автомобили која вклучува - услуга, замена на потрошни материјали, гуми, осигурување, даноци, и многу повеќе:
Услугата нуди пакет на решенија прилагодени според индивидуалните потреби на клиентот:
Одржување на возила кај овластени сервисери на SUZUKI
Изведување на сите потребни поправки на автомобилот
Редовна замена на потрошните материјали
Целосно покривање на осигурувањето од страна на овластена осигурителна компанија
Обезбедување на заменско возило додека вашето возило е вон употреба и/или се сервисира
Промена на гуми според сезоната - зима и лето , како и складирање на неискористениот комплет на гуми
24-часовна помош на пат со покриеност низ целата земја
На овој начин, се минимизираат обврските и се планираат трошоците за одржување на возилото во вашата компанија. Ние ќе продолжиме да бидеме доверлив партнер кој професионално ќе ве консултира и ќе го пронајде вистинското решение за вашиот бизнис.